Српскиот претседател Александар Вучиќ објави спот на „Инстаграм“ преку кој на граѓаните им посака среќни празници.
Најновиот спот на Српската напредна партија (СнС) на српскиот претседател Александар Вучиќ предизвика многу реакции во земјата. Голем дел од публиката е критички настроена кон спотото, а и самиот Вучиќ изјави дека изгледал глупо, но го натерале.
Дејството на спотот се одвива во дневна соба, каде млади луѓе гледаат натпревар и ги сумираат резултатите кои Србија ги постигнала во 2019, посакувајќи во последните моменти да се случи чудо и нивниот тим да победи. Еден од нив ги убедува дека чудата се возможни, наведувајќи како платите во рекорден рок станале поголеми, како Србија создала цврсти врски со светот, а дошло и до развој на инфраструктурата и ИТ индустријата.
Другиот одговара дека големи работи се случиле, но чудо би било кога на пример Александар Вучиќ би ги послужил со чај, по што српскиот претседател се појавува во дневната соба со послужавник на кој се наоѓаат чаши и чајник.