Според селекторот на ракометната репрезентација на Хрватска, Лино Червар, Македонија нема ништо од тоа што Вардар е европски првак, изјави поранешниот тренер на Металург и селектор на македонските рекометари во интервју за „Спотске.јутарњи.хр“.
Червар во мега интервјуто зборуваше за репрезентацијата и клубовите во Хрватска па како примери ги посочи Вардар и Македонија.
-Еве Вардар е прв во Европа, но Македонија нема никаква корист од тоа, неодамна и капитенот Лазаров самиот го каажа тоа. Киелце е во врвот, па Полска не може ништо, дури ниту ја нема големата сцена. Каква е смислата да се форсираат клубови? Ако нашиот играч од надвор за 3.000, дали би отишол ако Загреб и Нексе му дадат толку?“. Сигурно би останале, вели стратегот.
Червар потсети и на времето кога работеше во Металург додека клубот беше во криза.
-Во еден момент во Металург поради штрајк останав без дури 25 ракометари. Тогаш газдата ми кажа дека морам да останам за да покажеме дека и со млади деца може да се напредува. Со еден Кил игравме со Кузмановски, Талески и Нелоски кои во тоа време беа деца. Дадовме само три гола за едно полувреме, меѓутоа публиката не награди со аплауз затоа што имавме храброст да играме. Тие ракометари, две години подоцна го победија Вардар пред тој клуб да ја освои европската титула и горд сум на тоа. Имав прилика да се сретнам со тогашниот премиер Никола Груевски и го прашав дали си ги сака сопствените деца затоа што за Вардар се оди како мед и млеко, додека за другите нема ништо. Таа ситуација не ми се допада и беше една од причините поради кои си заминав, изјави Червар.