Мицкоски за Ковачки: Се плашат од професионалец кој ќе ги открие, разобличи и ќе се бори против нив

Поставувањето на врвен професионалец на чело на МВР без ниту една дамка во кариерата не е природна средина за челниците на Власта. Наместо ова да биде правило во нормална држава, ваквиот предлог се доживува за исклучок, и затоа е голем отпорот во власта, напиша Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил по реакциите за предлогот полковник Дрган Ковачки д биде министер за внатрешни работи.

-Фактите говорат дека оние кои се огрешиле спрема законот се плашат од професионалец кој ќе ги открие, разобличи и ќе се бори против нив. Заев и СДСМ очекува решение за човек кој мислат дека ќе го држат во рака за да продолжат со нивните комбинации. А ние со ваков предлог сакаме да направиме дисконитнуитет во хаосот кој Заев и Спасовски со лошото менаџирање во МВР го создаде во државата, дисконитнуитет на рекетите под државна капа, клановите блиски до власта кои спроведуваат криминал, дисконтинуитет на бандитизмот кој се шири низ улиците, заплените автомобили, дрогата која е на секој чекор. И ВМРО не отстапува од борбата против сето ова. Она што ми е поважно од тоа да се избере решение кое ќе му се допадне на Заев, е да се бори против криминалците и да и служи на Македонија, пишува Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1424480444394077

Треба да знаете
Последни објави