Стоилковски: Консултациите за техничкиот министер за внатрешни работи во тек, власта да не ги одложува работите

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска соопшти дека консултациите со власта за кандидатите во техничката влада траат, но не кажа дали имало телефонски разговор помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по нивната синоќешна средба за кандидатот од опозициската партија за технички министер за внатрешни работи, што за власта беше спорен.

Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција, Стоилковски рече дека кога ќе имаат конктретни резултати ќе ги соопштат и ја повика власта да не ги одложува работите, порачувајќи и дека со тоа нема да се одложат изборите и, како што вели, изборниот пораз.

– Нема да влезам во уставни толкувања. Поставен е предлог. Тоа што бараме и тоа што повикуваме е да не се одложуваат работите, да не се кочи професионалец, предлог којшто би требало да влезе на местото технички министер во Министерството за внатреши работи, рече Стоилковски, прашан за коментар на ставовите на експертите дека нивниот предлог е противуставен.

Прашан како ќе се одвиваат консултациите по синоќешната средба Заев – Мицкоски,  Стоилковски рече дека тие траат цел ден, посочувајќи дека може да продолжат и утре, без да прецизира дали имало или не телефонски разговор помеѓу лидерите на двете партии.

Треба да знаете
Последни објави