(Фото) „Берберот од Малча“ ѝ ја ишишал косата на Моника

Повеќекратниот силувач Нинослав Јовановиќ, познат како „Берберот од Малча“ ѝ ја ишишал косата на Моника Каримановиќ до гола кожа, се гледа од фотографиите од киднапираното девојче.

Како што јавија медиумите во Србија, таа попладнево беше пронајдена во викендичка во селото Пасјача, а педофилот е во бегство. Тој е вооружен со голем нож и рекол дека нема жив да го фатат.

Телевизија Пинк објави фотографија од девојчето на носика, на која се гледа дека е ишишана и исцрпена.

– Она е психички стабилна, но има многубројни модринки и подливи. Беше видно вознемирена но сега е подобро, рекле од семејството.
Јовановиќ го добил прекарот токму затоа што жртвите кои ги силувал ги шишал.
Треба да знаете
Последни објави