Македонија ги чека ривалите за третото издание од Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација денеска (18 часот) по ждрепката во Нион ќе ги дознае противниците од групата во Ц-дивизијата за третата сезона во Лигата на нациите.„Црвено-жолтите“ во оваа третта по ранг група за натпреаврување извлекувањето за составот на групите ќе го чекаат од вториот барабан.

Македонија во првата сезона од ова натпреварување победи во групата од Д -дивизијата и се пласира ранг погоре во Ц-лигата, но и се здоби со право да разигрува за настап на ЕП каде ги помина Косово и Грузија и летово дебитираше на континенталната завршница. Во втората сезона не го освои првото место во групата и остана во Ц-лигата каде сега е сместена во вториот барабан од Ц-дивизијата со Грција, Белорусија и Луксембург, кои не можата да им бидат ривали во новото групно издание.

Во првиот барабан, се фаворитите, тимови кои испаднаа од Б во Ц-лигата, и се можни противници за Македонија, а тоа се: Турција, Словачка, Бугарија и Северна Ирска.

Во третиот барабан се: Литванија, Грузија, Азербејџан и Косово, додека во последниот и најслаб по квалитет се Казахстан или Молдавија (треба да играат плејаут по што ќе се знае кој од нив), Кипар или Естонија (исто така ќе решаваат во плејаут), Гибралтар и Фарски Острови. Првото место носи пласман за новата сезона во Б – лигата.

Мечевите ќе се играат во шест кола, четири во јуни и два во септември идната година, а финалните дуели ќе се играат во јуни 2023 година. УЕФА сеуште не одла дали и како победниците од дивизиите во Лигата на нациите ќе се пласираат на ЕП 2024.

Треба да знаете
Последни објави