На Салернитана и се закнува исфрлање од Серија А

Италијанскиот фудбалски калчолигаш Салернитана се соочува со исфрлање од Серија А доколку до крајот на месецов не добие нов газда ! Сегашен сопственик е  првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито. Во Италија е забрането еден човек да поседува два клуба во Серија А, а исто така е забрането тој да го продава клубот на роднини, поради што клубот од Салерно се соочува со сериозен проблем.

Лотито минатото лето не успеа да најде купци за клубот и доби продолжување на рокот до 31 декември годинава. Ако тоа не се случи до 1 јануари, Салернитана би можела да биде исфрлена од Серија А.

Салернитана по пауза од 22 години се врати сезонава во Серија А и моментално се наоѓа на последното место на табелата.

Треба да знаете
Последни објави