Полицијата трага по член на Судски совет за незаконска приватизација на атрактивно земјиште

Полицијата го бара членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со незаконска приватизација на атрактивно земјиште, објави порталот СДК.

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, утринава веќе се приведени петмина вработени во Општина Тетово во рамки на овој случај, изјавила обвинителката Вилма Русковска за СДК.

Приведeни се петмина, во истрагата се уште четири лица, сите се гонат за Злоупотреба на службена положба и овластување

Според порталот, станува збор за нелегално стекнато атрактивно државно земјиште и бесправна легализација на поранешното Тениско спортско Здружение Љуботен-Тетово, чиј поранешен претседател е токму членот на Судскиот совет Теофиловски, кој е зет на поранешната претседателка на Судскиот совет Александра Зафировска.

Треба да знаете
Последни објави