Автомобил излета од патот Струмица-Радовиш, петмина тешко повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на магистралниот пат Струмица – Радовиш, а во која повредени се петмина луѓе од Струмица, соопшти МВР.
Несреќата се случила кога автомобил „пежо“, управуван од 16-годишник од Струмица, излетал од патот.

Во незгодата, сопатниците А.О.(20) и 13-годишен малолетник, двајцата од Струмица, се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот и уште двајца малолетни сопатници, на возраст од 14 и 15 години, двајцата од Струмица, се здобиле со телесни повреди.

Тие биле пренесени во Клинички центар Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Радовиш.

Треба да знаете
Последни објави