Словачкиот суд му изрече 15-годишна казна затвор на Золтан Андруско, кој е обвинет за овозможување убиство на истражувачкиот новинар Јан Куцијак во 2018 година, по договорот за признавање вина, изјави денеска портпаролка на судот.
Андруско (42) е еден од петмината обвинети лица и единствен кој призна дека е виновен, барајќи да биде сведок.
Судењето на останатите четворица започна на 19 декември и ќе продолжи следниот месец.
Андруско договори 10-годишна казна со обвинителите, но судот денеска го отфрли тој договор, предложувајќи подолга казна затвор, која обвинетиот ја прифати.
Новинарот Јан Куцијак и неговата свршеница се убиени во нивната куќа во близина на Братислава во февруари 2018 година.