Полицијата поднесе кривична пријава против 69-годишно лице од Радовиш.
Од МВР информираат дека на 20 септември во домот на пријавениот на улицата Пере Тошев во Радовиш полициски службеници извршиле претрес, при што пронашле и одзеле пушка „м-92“ во калибар 7,9 мм за која не поседувал соодветна документација и рачна бомба.