Иран заплени уште еден брод во Заливот

Иранската револуционерна гарда денеска заплени брод под сомнеж дека криумчари нафта и уапси 16 малезиски членови на екипажот во Персискиот Залив, во близина на островот Абу Муса.

Државната новинска агенција ИРНА соопшти дека бродот превезувал околу 1.312 литри нафта.

Во извештајот не се наведува под чие знаме пловел бродот.

Иран често запленува бродови за кои тврди дека шверцуваат нафта во Заливот.

Треба да знаете
Последни објави