Ловџиска пушка од рацете на малолетник „само пукнала“ и усмртила девојче

Татрагедија во која настрада 15 годишно девојче во атарот на Рашка се случи попладнево во Србија. Во селото Жутица под засега неразјаснети околности 16-годишно момче со иницијали М.Ј. со ловџиска пушка смртоносно застрелал 15-годишно девојче од месноста Блаце со иницијали С.П.

Според српските медиуми до трагедијата дошло од невнимание. Девојчето починало на самото место на настанот, а М.Ј. е уапсен. Лекарите од брзата помош кои пристигнале на лице место само констатирале смрт, а полициските службеници и правосудните органи ги откриваат деталите како дошло до овој трагичен настан.

Првите неофицијални информации кои ги пренесуваат тамошните медиуми се дека пушката која била во рацете на малолетникот „само испукала“, а куршумот смртоносно ја погодил девојката.

 

 

Треба да знаете
Последни објави