Во општините Карпош, Валандово, Пробиштип и Арачиново ќе бидат зголемени капацитетите во установите за згрижување и воспитување на деца на возраст до шест години.
Договорите ќе бидат потпишани денеска во Владата, а на потпишувањето ќе присуствуваат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалниците и овластените претставници на четирите општини.