Сестрата на музичката легенда Џорџ Мајкл, Мелани Панајотиу, почина на 56-годишна возраст, точно три години по смртта на нејзиниот брат на Божик 2016 година. Семејството верува дека Меланија починала од скршено срце, пренесува „Сан“.
„Таа никогаш не ја преболе смртта на својот брат, ниту ја пополни празнината што ја остави. Од сите членови на семејството, таа беше најблиска со него“, изјави близок пријател на семејството.
„Живееше како пустиник и ретко го напушташе својот дом. Излегуваше само кога одеше на фризер или во пошта и повремено со сестра си“, додаде тој.
Фризерката ја пронашла нејзината постара сестра Јиода Панајотиу во нејзиниот дом во Лондон на 25 декември.
Инспекторите сè уште работат на случајот, а полицијата не ја третира смртта како сомнителна. Џорџ и Мелани биле многу блиски уште од раѓањето, а таа го пропатувала светот со него во екот на неговата слава. Таа сакала да им каже на сите дека нејзиниот брат се гордеел што е хомосексуалец.