Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 7 јануари 2020 година (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.