Голманот на Атлетико (Мадрид), Јан Облак, остава уште една одлична година зад грбот. Словенецот е голманот со најмногу „суви” мрежи во топ 5 европските првенства во Европа за 2019 година. Зад него се играчи како Алисон, Едерсон и Марк-Андре тер Штеген.
Облак има 25 настапи без примен гол во вкупно 46 натпревари. Втор е Тер Штеген со 22 од 49, а потоа следат Едерсон (21 од 45), Хандановиќ (18 од 46) и Алисон (17 од 39). Во првите 10 се најдоа и Кејлор Навас (16/31), Маинјан од (16/44), Пикфорд (15/37), Бутеле од Анже (15/39) и Ваклиќ од Севиља (14/39).
Покрај тоа, Облак беше повторно номиниран оваа година за Наградата за најдобар голман, именувана по легендарниот Лев Јашин. Сепак, таа отиде во рацете на чуварот на мрежата на Ливерпул – Алисон Бекер