Реал ќе го врати Ваљехо на “Бернабеу”

– Реал Мадрид има намера да го прекине предвремено изнајмувањето на централниот дефанзивец Хесус Ваљехо, кој игра како отстапен во Вулверхемптон.

Според шпанскиот весник „АС”, „кралевите” не се задоволни од фактот што на 22-годишниот фудбалер не му се дава шанса да настапува во англискиот тим.

Во последните два месеци, Ваљехо одиграл едвај два меча за тимот на Нуно Еспирито Санто. Тој беше испратен на Островот од клубот со јасна идеја да собере пракса и да се врати на „Бернабеу”.

Сепак, тој има само седум натпревари за „волците” на сите турнири.

Треба да знаете
Последни објави