– Претседателот на Русија и на Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски денеска телефонски разговараа за развој на руско-украинските односи, соопшти Кремљ.
Како што се наведува во соопштението, Путин и Зеленски размената на заробеници помеѓу Киев и Донбас ја оцени како позитивен чекор, што е во согласност со Договорот постигнат на Самитот на Нормандиската четворка во Париз на 9 декември.
Тие разговараа и за Договорот за транзит на рускиот гас низ Украина.
– Страните ја истакнаа важноста на пакетот претходно постигнат, кој предвидува продолжување на транзитот на рускиот гас во Европа низ Украина, се истакнува во соопштението.
Телефонскиот разговор беше инициран од рускиот претседател.