Ѕвездата на култната комична група „Монти Пајтон“, Нил Инес, почина во 75. година од животот, пренесува Би-би-си.
„Загубивме убава, нежна душа чија музика допре до многу срца и чиј интелект и потрага по вистината нè инспирираше. Тој почина од природна смрт, без предупредување“, напиша неговото семејство во соопштението.
Тажната вест ја потврди агентот Најџел Мортон. Тој рече дека смртта дошла неочекувано и дека Нил не бил болен порано.
Тој тесно се поврза со „Монти Пајтон“ во 1970-тите години, придонесувајќи со своите песни и со појавувањето во филмови како „Светиот Грал“ и „Животот на Брајан“.