На 30.12.2019 околу 15.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во кругот на станицата за технички преглед на ул.„Орде Чопела”, во канал за вршење технички преглед на возила, со повреда бил пронајден Т.М.(69) од Прилеп.
Тој бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.