Според британскиот новинар Воган Смит, Џулијан Асанж звучел како човечка руина за време на телефонски разговор што го имале за католичкот Бадник, при што тој зборувал од затворот.
Новинарот истакна дека основачот на „Викиликс“ имал проблеми со говорот и звучело како да е дрогиран. Тој му рекол„ овде полека умирам“.
На Асанж за Божик му бил дозволен само еден повик од затворот „Белмарш“, кој се наоѓа во југоисточен Лондон.
„Мислам дека тој само сакаше да побегне од темните мисли на неколку минути и да се присети на убавите спомени“, истакнал Смит на „Раша тудеј“ додавајќи дека Асанж последен пат ги минал празниците во својот дом во 2010 година.
Краткиот разговор бил далеку од весел, а состојбата на Асанж се влошувала како што изминувале минутите.
„Неговиот говор беше нејасен. Тој зборуваше бавно“, кажал новинарот.
„Џулијан е многу елоквентна личност и зборува многу јасно. Звучеше ужасно, вознемирувачко беше да го слушам“, рекол Смит.
Иако Асанж не го кажал тоа гласно за време на повикот, Смит верува дека тој е под седативи додавајќи дека други луѓе кои го посетиле претходно го делат истото мислење.
Смит не е првиот што го иницира овој проблем, но британските власти одбиваат да откријат дали на Асанж му се даваат психотични лекови во затворот инсистирајќи на тоа дека не го малтретираат.