Видно навреден, папата Франциско денеска мораше да се оттргне од рацете на една жена, која на преполниот плоштад Свети Петар во Ватикан го зграби за раката и го повлече кон себе, пренесе „Ројтерс“.
Папата го минуваше плоштадот Свети Петар поздравувајќи ги верниците на патот кон макетата со сцена од раѓањето на Исус, поставена на шеталиштето.
Кога посегна да помилува едно дете, папата почна да се оддалечува, но жената одеднаш го грабна за раката и му се приближи.
This evening after visiting the Nativity scene in St. Peter's Square, Pope Francis loses his cool after being grabbed by a pilgrim who wouldn't let go of his hand. The Pope repeated slapped her hand and told her to let go of him. pic.twitter.com/6Qrgh8aZKz
— Catholic Sat (@CatholicSat) December 31, 2019
Френциско изгледаше како ненадејниот гест да го навреди и бргу ја пушти раката.
Додека луѓето се приближувале кон местото на настанот, жената не покажала знаци на гнев, а не е познато дали му кажала нешто на папата додека го привлекувала кон себе, додава „Ројтерс“.