Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Драган Радуловиќ, ги изнесе своите очекувања од денешниот дуел против словенечкиот Хелиос Домжале (15 часот) во рамки на 5. коло од второлигашката регионална кошаркарска АБА 2 лига. Натпреаврувањето се игра турнирски, а овој собир се одржува Сараево.
– Нема да ни биде лесно на турнирот во Сараево, особено што ќе настапиме со скусена ротација поради повредата на Кристијан Николов. Хелиос игра одлично, со добра ротација и квалитетни кошаркари, кои се многу искусни. Ќе се обидеме да ги спречиме нивните поени од контранапади, а истовремено ќе пробаме да наметнеме наш стил на игра со темпо кое го посакуваме. Ако бидеме фокусирани и ако енергијата ни биде на посакуваното ниво, тогаш ќе можеме да се надеваме на победа. Мотивирани сме максимално и очекувам добар настап на целиот турнир, изјави тренерот на македонскиот шампион Радуловиќ.
По воведните четири кола, МЗТ Скопје има ефект од три победи и еден пораз, и е бодовно израмнет, едно место подолу од четвртопласираниот Хелиос.