Холандскиот фудбалски интеранционалец Френки де Јонг е еден од играчите кои Барселона има намера да ги продаде за да ги намали трошоците, но и да вбризга свежи пари во клубот. Тренерот Чави Ернандез го прифатил барањето на раководството за негова продажба, но прашање е дали Барселона ќе добие 90 милиони евра во овој момент, колку што е неговата вредност на фудбалската берза.
-Знам дека на Барселона и требаат пари и голема понуда за Френки може да помогне, но не гледам дека тоа ќе се случи. Сепак, морам да ви кажам дека се пријавија петте најдобри европски клубови за неговиот потпис, изјави таткото на холандскиот репрезентативец.
Де Јонг сезонава одигра 13 првенствени натпревари и постигна еден гол со две асистенции, а има и шест настапи во Лигата на шампионите. Сепак, неговиот тим беше елиминиран во групната фаза и натпреварувањето го продолжува во Лига Европа.