Курц постигна договор со Зелените за формирање влада во Австрија

Мандатарот за состав на новата австриска влада, лидерот на Народната партија (ОВП) Себастијан Курц и лидерот на Зелените, Вернер Коглер постигнаа договор за формирање коалициска влада.

Договорот следува по три месеци откако партијата Курц освои 37,5 проценти од гласовите на изборите на 29 септември, по што бараше коалициски партнер да има мнозинство во Долниот дом на Парламентот.

Зелените се најдоа на четвртото место со 13,9 проценти од гласовите.

Треба да знаете
Последни објави