Птичји грип откриен на фарми во Полска

Птичји грип е откриен во источна Полска кај мисирки, соопштија властите, а локалните медиуми објавија дека поради тоа може да бидат уништени 40.000 птици.

Полска, најголемиот европски производител на живина според Евростат, немаше епидемија на птичји грип од 2017 година.

Претседателот на полското здружение на производители на живина рече дека три фарми можат да бидат погодени од епидемијата, при што загрозени се 350.000 птици.

Одржани беа состаноци на кризни штабови, а на инсерти од приватната ТВ станица Полсат беа прикажани полициски автомобили што блокираат локални патишта.

Треба да знаете
Последни објави