Арсенал му го нанесе шестиот пораз на Манчестер јунајтед оваа сезона

Во последниот натпревар од првиот ден во новата година, Арсенал синоќа на домашен терен го совлада Манчестер јунајтед со 2:1.

За Јунајтед ова беше шести пораз по 21 одигран меч сезонава, додека Арсенал ја забележа шестата победа.

Стрелци на головите беа Николас Пепе и Сократ Папастатопулос, двата во првото полувреме.

Лондонскиот клуб се искачи од 13. на 10. место на табелата во Премиер лигата, додека Јунајтед остана на петтата позиција.

Треба да знаете
Последни објави