Околу 400 приведени по протестите во новогодишната ноќ во Хонг Конг

Околу 400 лица се приведени на новогодишните протести во Хонг Конг откако мирен демократски марш на десетици илјади прерасна во хаотични судири со полицијата која употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Тензиите се зголемија вчера по неколку апсења во округот Ван Чаи во близина на филијалата на глобалната банкарска групација на ХСБЦ, што беше цел на демонстрантите во последните неколку недели.

Полицијата соопшти дека биле извршени апсења за прекршоци кои вклучуваат незаконско поседување оружје. Демонстранти беа апсени и за новогодишната ноќ кога кратко го зазедоа главниот пат на полуостровот Ковлун.

Околу 7.000 луѓе се уапсени откако протестите почнаа во јуни а во градот ескалираа околу сега повлечениот закон со кој се овозможуваше екстрадиција во Кина.

Треба да знаете
Последни објави