Хрватска од шест земји ќе побара понуди за борбени авиони

Хрватската влада годинава ќе одлучува за набавка на борбени авиони, а Комисијата ќе побара понуди од најмалку шест држави, вклучително и Израел со авионите Ф16. Тие потврдуваат дека понудувачите се избрани, но не е испратено официјално барање да им се достави список на „борбени ловци“ и по која цена ги продаваат.

Хрватските медиуми наведуваат дека помина една година од „фијаското на најскапиот воен проект“, чија што продажба ја стопираа Американците, а за што хрватските купувачи не сакале да преземат одговорност.

Сега ќе се тргува со САД и Шведска, кои го нудат новиот F16, или Грипен.Барањата за половни авион ќе се испратат во Израел, кој овој пат соработува со американскиот производител, во Грција и во Норвешка.Исто така, ќе се испрати барање и до Италија за „Еврофајтер“.

Претходната понуда на Израел пропадна затоа што американскиот производител не се согласи да го продаде Ф-16 на Хрватска со модификациии направени од Израелците.

По приемот на барањата од Хрватска, избраните земји имаат период од пет месеци да ги состават и да ги достават своите тендери, а потоа три месеци ќе бидат разгледани и оценувани.

Треба да знаете
Последни објави