Tајван: Началникот на Генералштабот загина во хеликоптерска несреќа

Тајванскиот командантот на Генералштабот, генералот на воздухопловните сили Шен Jи Минг, загина кога хеликоптерот во кој се наоѓал заедно со уште 12 лица принудно слета денес во планинска област во близина на главниот град на градот Њу Тајпеј, објавија агенциите.

Според соопштението на армијата, во несреќата загинале осум лица, објави „Ројтерс“.
Министерството за одбрана на островот, кое сака да се отцепи од Кина, претходно соопшти дека Шен е едно од трите лица кои се водат за исчезнати, пренесува јапонската агенција „Кјодо“.

Генералниот инспектор на Командниот штаб на воздухопловните сили, генерал мајор Хуанг Чи Веи, на прес-конференција изјави дека хеликоптерот бил на пат кон областа Јилан, на источниот брег на островот и дека изгубил контакт со контролата на летот од непознати причини. Тој изјави дека спасувачите го лоцирале хеликоптерот, но, иако ја опиша состојбата на авионот како „не многу добра“, тој не можеше да каже дали се урнал.

Според него, не е веројатно дека временските услови се причина за несреќата, бидејќи пилотот за време на неговиот последен контакт изјавил дека видливоста е добра.

Тајван купи хеликоптери 60 UH-60M Blekhoh од САД

Треба да знаете
Последни објави