Врската на Мадона со 25-годишното момче станува сериозна

61-годишната пејачка моментално е во врска со 25-годишен танчер Аламалик Вилијамс.

Неговиот татко, Дру (59), вели дека тие се во врска повеќе од една година, и дека тој и мајката Лора (55) ја запознале поп-ѕвездата.

Тој за TMZ изјави: “Љубовта нема години. Мојот син живее како Вида Лока и јас сум среќен за него.”

Според Дру, Мадона и Аламалик прв пат се сретнале во 2015 година кога бил на аудиција за нејзината турнеја Rebel Heart, а Мадона била толку импресионирана од неговите потези што таа лично го избрала од групата пријавени за аудиција.

Сепак, таткото вели дека тие започнале врска пред една година, но работите веќе станале сериозни.

Мадона била домаќин на семејството на Аламалик во едно од нејзините шоуа во палатата Цезар во Лас Вегас и ги поканила на вечера во нејзиниот апартман потоа.

Таткото исто така тврди дека Мадона е толку сериозна за него што го поканила и неговото семејство да дојде на нејзините концерти во Лондон и Франција следната година, и тие веќе ги резервирале своите летови.

Дру открива дека Мадона му кажала на семејството дека е вљубена во танчерот.

Дру изјави за весникот „Дејли Мирор“: „Мадона ни кажа дека го сака нашиот син. Таа рече дека е интелигентен и многу талентиран.“

„Свесни сме дека постои огромен јаз во возраста помеѓу двајцата – 36 години. Мадона е две години постара од мене. Но, му реков на синот дека во љубовта нема граници на возраст.“

„Го прашав како се чувствува, и тој рече дека никогаш не бил посреќен.“

Треба да знаете
Последни објави