По бегството на директорот на „Нисан“ преку Истанбул приведени четворица пилоти

Турските власти се решени да откријат како поранешниот директор на „Нисан“ и „Рено“, Карлос Госн, успеал да ја избегне кауцијата во Јапонија, каде е обвинет за проневера и да избега преку аеродромот во Истанбул, јавуваат турските медиуми.

Седум лица, меѓу кои и четворица пилоти, се приведени откако турскот МВР почна истрага во врска со тврдењата дека Госн избегал од Осака до Бејрут во Либан,преку Истанбул.

Поранешен претседател и извршен директор на Алијансата Рено-Нисан-Мицубиши, Госн е обвинет во Јапонија за проневера на имотот на компанијата и лажење на акционерите за големината на неговата плата.Тој избега од земјата пред неколку дена откако беше ставен во домашен притвор. Многу детали за ненадејното бегство на Госн се сè уште нејасни, но се верува дека тој отпатувал во Либан со приватен авион, а приватна компанија за безбедност можеби била вклучена во неговото бегство од Јапонија.

Бразилец со либанско потекло, Госн има државјанство на Бразил, Франција и на Либан. Имаше контрадикторни  извештаи за тоа кои пасоши го поседувал при неговото бегство. Според НХК, Госн успеал да се качи на летот со резервен француски пасош.

Бизнисменот ги негира сите обвинувања против него. Откако слета во Либан, кој нема договор за екстрадиција со Јапонија, Госн рече дека нема верба во јапонскиот правосуден систем и ги обвини властите во Токио дека не ги почитуваат неговите права.

Францускиот државен секретар за економија и финансии, Агнес Паниер-Рунашер, изјави за телевизијата БФМ изјави дека Париз не би го екстрадитирал Госн ако тој дојде во земјата, затоа што Франција никогаш не ги екстрадира своите државјани.

Треба да знаете
Последни објави