Вардар ја признал грешката со смената на Писонеро, но Шпанецот не сакал да се врати назад на клупата

Македонскиот, регионалниот и европскиот актуелен ракометен првак Вардар задсебе остави лош прв дел од тековната сезона во елитното натпреварување. Затоа во новата 2020 година доби и нов тренер, Стевче Алушовски, кој ќе биде трет кој ќе ги предводи „црвено-црните“ сезонава. По  убедливиот пораз во групната фаза од Кил во ЛШ, од првото столче на тренерската клупа во октомври беше поместен Шпанецот Давид Писонеро каде остана до крајот на минатата година, но и неговиот наследник Едуард Кокшаров кој од директорската седна на тренерската клупа во клубот не помина најдобро.

По овие тренерски рокади кај „црвено-црните“ шпанскиот весник „Диарио де Валјадолид“ објави дека Писонеро пред да се врати во својата земја добил понуда пак да седне на првата позиција од  тренерската клупа ! Ваквата понуда за Писонеро не била сериозна работа.

-Ми понудија пак да бидам прв тренер. Ми рекоа дека избрзале со мојата смена и тука јас го прекинав разговорот. Тие веројатно направија чекор назад, но јас ги одбив, зашто сето тоа ми немаше смисла. Ако требаше да се вратам, можеби и ќе го сторев тоа, зашто имав договор со Вардар, но јас бев решен да ја раскинам соработката, изјавил Писонеро за шпанскиот весник.

 

 

Треба да знаете
Последни објави