(Видео) Помпео: Ирачаните слават, благодарни се што го нема Сулејмани

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, објави на „Твитер“ видео во кое тврди дека Ирачаните го слават убиството на високиот ирански командант Касем Сулејмани.

„Ирачани играат на улица славејќи ја слободата, благодарни што генералот Сулејмани го нема“, напиша Помпео.

Командантот на Иранската револуционерна гарда беше убиен утрово во американски воздушен напад во Ирак, под наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Сулејмани беше командант на елитната единица „Кудс“ на Иранската револуционерна гарда, задолжена за тајните ирански операции во странство.

Треба да знаете
Последни објави