Марковиќ: Уште еден нецивилизациски напад врз амбасадата на Црна Гора во Белград

Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, се огласи по протестите на навивачите на Црвена звезда пред амбасада на неговата земја во Белград и запаленото државно знаме.

-Синоќа во Белград се случи уште еден нецивилизациски напад врз црногорската амбасада и црногорското знаме. Ставот на српските власти е неверојатен. Црна Гора повторно се соочува со предизвик за одбрана на независност и слобода. Ние ќе ја зачуваме нашата Црна Гора и покрај омразата што ја зафатија истите актери во и надвор од нејзините граници“, напиша Марковиќ на Твитер, пренесе РТЦГ.

Српските навивачи синоќа протестираа поради усвојувањето на Законот за верска слобода и употребуваа пиротехника.

Треба да знаете
Последни објави