Во градското собрание во францускиот град Дре, кој е оддалечен околу 70 километри од Париз, непознат напаѓач отворил оган и ранил службено лице, по што се самоубил, јавуваат медиумите.
Според првичните информации, францускиот службеник е сериозно повреден и е во животна опасност.
Медиумите исто така јавуваат дека напаѓачот вооружен со ловечка пушка влегол во собранието околу 10 часот, по што отворил оган и го застрелал службеникот.
Coups de feu à la mairie de #Dreux : un mort un blessé par balle. pic.twitter.com/W3sScTGQON
— L'Écho Dreux (@lecho_dreux) January 3, 2020
Градоначалникот на градот Дре, Жерар Хамел, изјави дека повредениот службеник изгубил многу крв, имал повеќе рани, но дека неговиот живот во моментот не бил загрозен.
Медиумите објавија дека напаѓачот влегол во канцеларијата на споменатиот службеник и го застрелал, а потоа го свртел оружјето кон себе и се самоубил. Властите велат дека мотивите за нападот се веројатно од лична природа.
Припадниците на безбедносните сили се на теренот.