Стравот кај ВМРО-ДПМНЕ е преголем и јавно го покажувате. Не можете да се помирите дека Зоран Заев е претседател на СДСМ и ќе не води до нова победа. ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да ја научи лекцијата од изминативе години. Со лаги и измилици не може да го манипулира народот, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието,
Јован Митрески во денешното обраќање на седницата во Собранието.
Македонските граѓани не се наивни. Тие знаат со кого си имаа работа 11 години, и затоа се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се директни извршители на наредбите на Груевски.За ВМРО-ДПМНЕ не е важно нити правото нити правдата, туку заштита на криминалот и на партиските интереси, додаде Митрески.
Денешниот ден е најава за тоа што ќе се случува, најава за уште една победа на коалицијата предводена од СДСМ и Зоран Заев, најава за иднината на држава, најава дека ќе се движиме напред и ќе бидеме европска држава, нема да се вратиме назад кон темното минато кое вие го нудите, заклучи Митрески.
Линк до видео: https://youtu.be/iWLpUYKn05k