Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека санкциите на ЕУ против Русија продолжуваат да ја зголемуваат енергетската криза во Европа и дека Владата на Унгарија мора да преземе мерки за заштита на домаќинствата од инфлација.
– Санкциите само ја влошуваат енергетската криза, но ќе направиме се за да ги заштитиме унгарските домаќинства од поскапување. Тоа беше главната тема на владиниот состанок во средата – напиша Орбан на Твитер.
Унгарската влада до сега постојано зборуваше против воведувањето санкции на ЕУ против Русија, вклучително и во енергетската сфера, потсетува ТАС С и додава дека ЕУ планира да воведе 10-ти пакет санкции против Русија поради нападот на Москва врз Украина.