За сите ски и сноуборд ентузијасти – имаме добри вести!
Скијачката патека Корја (Едносед) официјално се отвора денес, петок (3-ти јануари).
За оние кои не знаат, Корја е класифицирана како тешка скијачка патека со повисок градиент и се смета за стаза за напредни и искусни скијачи и сноубордери.
Во меѓувреме непрекинато работи системот за вештачко заснежување и главен приоритет на Ресорт Маврово е заснежување и подготовка на патеката Корја.
Додека чекаме да падне повеќе снег, тимот на Ресорт Маврово е посветен на правење вештачки снег и покривање на планината во бело.