– Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш изрази загриженост поради зголемувањето на тензиите на Блискиот Исток.
– Генералниот секретар доследно се заложи за намалување на тензиите во Персискиот Залив, се вели во соопштението на неговиот портпарол Фархан Хак, кој додава дека Гутереш е „длабоко загрижен поради неодамнешната ескалација”.
Ова е момент кога водачите треба да искажат максимална воздржаност, се вели во соопштението, во кое се истакнува дека светот не може да си дозволи уште една војна во Заливот.