Лихтенштајн, познат по прекарот „Лас Вегас Алпа”, ќе мора да ги затвори своите шест казина доколку се изгласа референдумот закажан за 29 јануари.
Поддржувачите на овој референдум тврдат дека новата индустрија ризикува да му наштети на угледот на земјата, бидејќи сега се на меѓународната црна листа на земји кои се сметаат за „даночен рај” поради релаксираните закони за коцкање.
„Не сакаме да се етаблираме како казино и жариште за покер во Европа”, рече застапникот за референдум Гидо Мајер.
Претседателот на казината во Лихтенштајн, Рајнхард Фишер рече дека тие работат во рамките на законот и во некои случаи над нивото што го бара законот.
Минатата година даноците од патувања, главно на странските посетители на казината во Лихтенштајн и донеле на државата 50 милиони швајцарски франци.
„Ова е приход кој е важен за нашиот буџет”, рече вицепремиерката Сабине Монауни, која забраната ја оцени како „радикална и прекумерна” и дека таа не ги решава проблемите со зависноста од коцкање.
„Мораме да најдеме рамнотежа помеѓу мерките кои ќе ја намалат активноста, но во исто време нема да го уништат пазарот”, рече таа.
Шест казина моментално работат во микродржавата со население од само 40.000 жители, од кои сите се отворени од 2017 година, по промената на законите за коцкање.
Најмногу посетители има од Германија и соседните земји, Швајцарија и Австрија.