– Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти има грандиозни планови за клупска селекција и сака да ги привлече Лоренцо Инсине од Наполи, Хамес Родригез од Реал (Мадрид) и Адриен Рабио од Јувентус на „Гудисон Парк”.
Италијанецот го презеде тимот пред неколку дена и за кратко време успеа да го стабилизира, а тој планира да добие сериозна поддршка од управата на клубот за да ги направи потребните измени и „карамелите” да тргнат нагоре.
Карло верува дека му класа засилувања и е на мислење дека ако ги привлече тројцата играчи споменати погоре, работите ќе тргнат за тимот.
Состојбата на Рабио во Торино е доста деликатна и тој вели дека сака да си замине, а до ден денес тој изгледа како фудбалерот кој најлесно може да го привлече од триото на играчи за кои станува збор.