Никогаш нема да ме фатите! И јас сум вооружен, не ми е грижа, не ми можете ништо!
Ова наводно го порачал избеганиот Нинослав Јовановиќ, 46-годишниот бербер од Малча, мислејќи дека разговара со полицаец при бгство од домот на 66-годишниот Емил Живиќ во селото Пасјач, во кое после 10-дневна потрага пронајдена беѓе жива 12-годишната Моника Каримановиќ, кој бил киднапирана од осудуваниот педофил.
Како што рекол Живиќ, тој на синот му рекол да донесе пиштол, иако немале оружје, а Јовановиќ очигледно за таткото и синот помислил дека се инспектори.
-Кога момчето викна: „Стој, полиција, имам пиштол“, Јовановиќ почнал да се смее и порачал дека е вооружен, дека никогаш нема да го фатат и дека жив нема да се предаде, па ја прескокнал оградата висока дури 120 сантиметри. Иако мештаните брзале, тој избегал да избега низ непристапната шума, која очигледно добро ја познава и продолжил да се крие, дознава Курир.рс
Јовановиќ имал неколку неели добро да го запознае пределот, па не е ни чудо што добро се крие. Не се исклучува можноста некаде да ископал дупка налик на онаа во која ја држел Моника и таму да има храна и вода.
Моника беше пронајдена по 10 дена потрага, откако беше киднапирана од осудуваниот педофил и силувач Нинослав, додека се враќала од училиште.