Пропагаторот на Кремљ, Владимир Соловјов, во својата емисија на руската државна телевизија изјави дека Русија „немала друг избор“, освен да ја нападне Украина и дека „спасила милиони животи“.
Соловјов, наречен гласот на Путин поради неговата поддршка за Кремљ, ова го изјави за време на една епизода од своето шоу „Фул контакт“.
Водителот уште од самиот почеток ја повтори реториката со која Путин ја оправда својата инвазија на Украина. Рускиот претседател во февруари минатата година изјави дека неговата „специјална воена операција“ се обидува да ја „демилитаризира“ и „деназифицира“ Украина. Путин често ја нарекуваше украинската влада и нејзините вооружени сили неонацисти.
“We had no choice on February 24th. We saved millions of people from Ukrainian Nazis”
I sometimes wonder what goes on inside his head as he says all this. pic.twitter.com/L2ZyeZFUgY
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 19, 2023
Соловјов продолжи со тоа дека ако Русија не извршила инвазија, Украинците би влегле на Крим. „Тие би донеле смрт и уништување! На 24 февруари немавме друг избор. Спасивме милиони животи на нашите сонародници, оние што ни веруваа“, заклучи тој.
Пропагаторот на Кремљ рече дека 50 земји се против Русија и дека ги обединува сатанизмот. „Што и да кажете, колку и да се трудите да најдете убави зборови, оваа бонбона има расипано полнење. Судбината на оваа земја зависи од вас. Ако не победиме, нема да исчезне Русија, туку целиот свет. Кому му е потребен светот ако во него ја нема Русија, заклучи тој.
Соловјов ја заврши својата емисија на државната телевизија велејќи: „Ние се бориме со сатанистите. Ова е света војна и ние мора да победиме“, пренесе „Индекс.хр“.