ВМРО ДПМНЕ: На 12 април граѓаните на Заев ќе му порачаат доста е

Зоран Заев, никогаш повеќе – вели опозициската ВМРО ДПМНЕ како реакција на соопштението од владеачкаката СДСМ.

-Три години македонските граѓани ја живеат суровата реалност олицетворена во владеењето на Зоран Заев. На криминалците им е местото зад решетки, а не во Влада или во Собрание.
Граѓаните на 12-ти април на Заев ќе му порачат ДОСТА Е неговата криминално рекетарската банда да ги полни џебовите со народни пари преку криминални тендери и грантови.
ДОСТА Е од лажни ветувања кои не се спроведоа.
ДОСТА Е од неконтролирано задолжување кое енормно го зголеми долгот на државата.
ДОСТА Е од продавање на националните интереси.
ДОСТА Е  од криминалот кој што царува по улиците.
ДОСТА Е од Зоран Заев и неговата криминогена банда.
Крајот на времето на Зоран Заев доаѓа. Доаѓа време на власт од народот и за народот. Доаѓа време за  обнова на Република Македонија. Ова зло никогаш да не се повтори.

Треба да знаете
Последни објави