Македонија ќе го има последниот тест против Ц. Гора пред настапот на ЕП

Македонската ракометна репрезентација вечерва (19:30 часот) ќе го има последниот тест пред да замине за виена каде ќе ги игра натпреаврите од групата на Европското првенство. Селекторот Данило Брестовац своите избраници ќе ги тестира против Црна Гора, во Терме Лашко.

Македонија на овој дуел, но и на мечевите од ЕП ќе игра без еден од главните играчи задолжени за дефанзивни задачи Велко Маркоски, кој на претходниот контролен натпреавр во Словенија против домашната селекција доби удар во левото око и ќе мора да паузира 15 дена.

Селекторот Брестовац не се произнесе дали дополнително ќе повика нов ракометар.

Македонија на 9. јануари од Словенија ќе замине во Виена, а наредниот ден ќе го игра првиот натпревар на ЕП, против селекцијата на Украина. Покрај оваа селекција ривали во групата на „црвено-жолтите“ ќе им бидата домашната селекција на Австрија и Чешка.

Треба да знаете
Последни објави