Ракометарите на Тиквеш во 14. коло од Суперлигата во Кавадарци го совладаа Бутел со 29-25. Кавадарчани заслужено дојдоа до нови три бода бидејќи во поголемиот дел од натпреаврот ја контролираа играта и резултатот. На полувремето домашните заминаа со предност од 14-10, а во вториот дел во еден момент имаа предност и од шест гола разлика, 23-17. Сето тоа беше доволно за мирен финиш и заслужена победа.
Кавадарчанија оставрија осмата победа сезонава сега се доближија на шест бода до третопласираниот Бутел.
Најефикасни во редовите на Тиквеш беа Стефановиќ, Симиќ и Јанчев со по пет гола,, а пет гола кај гостите постигнаа Мојсоски и Митев.