Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турските воени единици се упатиле кон Либија за да ја поддржат меѓународно признатата влада за национално единство на Фајез ал-Серај.
Ердоган во интервју за „Си-Ен-Ен Турк“ изјави дека Турција испраќа високи воени функционери во Либија.
Анкара и Триполи потпишаа меморандум за соработка за одбрана на 28-ми ноември.
Либија во моментот има две извршни власти – меѓународно признатата влада за национално единство на премиерот Фајез ал-Серај во Триполи и привремената влада на Абдула ал-Тани на истокот на земјата, поддржана од либиската национална армија на Калиф Хафтар.