На 05.01.2020 во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Христо Татарчев” го лишиле од слобода С.Ц. (50) од Скопје, поради тоа што физички ги нападнал неговата сопруга и неговиот син, а се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои вршеле службени дејства по пријава за семејно насилство. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.